Мурињо нуди 55 милиони евра за Костас Манолас од Рома

Пропаднаа разговорите меѓу Манчестер јунајтед и Бенфика за трансфер на Виктор Линделоф, но менаџерот Жозе Мурињо не се откажува од идејата да ангажира нов квалитетен дефанзивец во зимскиот преоден рок. Најнова цел на португалскиот стратег е Костас Манолас, одбранбениот фудбалер на Рома, за кого „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 55 милиони евра.

Поранешниот член на Олимпијакос игра одлично во Серија А оваа сезона, се наметна како еден од носителите на играта на „римската волчица“, а Рома сигурно сериозно ќе ја разгледа оваа понуда од Манчестер јунајтед за негова преселба во Премиер – лигата.

Се вчитува...