Мурињо: Трофеј во Лига Европа би бил совршен крај на сезоната - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/07/2017 22:22
Ракомет
24/07/2017 21:25
Ракомет
24/07/2017 20:37
Фудбал
24/07/2017 20:08

Мурињо: Трофеј во Лига Европа би бил совршен крај на сезоната

Мурињо: Трофеј во Лига Европа би бил совршен крај на сезоната

Манчестер јунајтед се пласира во финалето на Лигата на Европа, откако синоќа го елиминираше шпанскиот претставник Селта со вкупен резултат 2-1. По триумфот во Виго, „црвените ѓаволи“ се намачија на домашен терен играјќи 1-1, но, сепак, обезбедија прво финале за клубот во ова натпреварување, против Ајакс на 24.мај во Стокхолм.

На менаџерот Жозе Мурињо му олесна по елиминацијата на Селта, па истакна дека освојување на трофејот во Лигата на Европа би бил совршен крај на сезоната за Манчестер јунајтед.

„Оваа сезона беше многу тешка за нас, од неколку аспекти, и ќе биде неверојатно ако успееме да ја освоиме Лигата на Европа. Имаме шанса да освоиме трофеј, а тоа е и можност да се вратиме во Лигата на шампионите. На крајот, кога беше тешко и кога Селта беше подобра од нас на теренот, моите фудбалери покажаа неверојатна желба, заедништво и карактер“, изјави Жозе Мурињо.

Тој вели дека Ајакс ќе има и една голема предност пред финалниот дуел во Стокхолм.

„Ние имаме уште три тешки натпревари во Премиер – лигата, пред финалето со Ајакс. А Холанѓаните ќе имаат 12 дена за одмор, пред финалниот меч. Но, таква е нашата судбина“, дополни португалскиот стратег.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.