Мурињо допатува во Загреб да го комплетира трансферот на Перишиќ

Интересот за хрватскиот репрезентативец е огромен, но само еден тим на крајот излезе како победник. Манчестер Јунајтед по сите изгледи го договори првиот трансфер за новата сезона. Иван Перишиќ во изминатава година беше поврзуван со транфер во Челси и Ливерпул, но упорниот и решителниот Мурињо ја презеде работата во своите раце, директно допатувајќи во Загреб за финализација на трансферот на Хрватот.

Јунајтед ќе има работливо лето, па португалскиот стратег сака да заврши работа со неколку играчи, за да може во преодниот рок да се фокусира на она главното, а тоа е Антоан Гризман.

Преселбата на 28-годишшниот Хрват од „Џузепе Меаца“ на „Олд Трафорд“ ќе чини 35 милиони фунти, додека за персоналните барања допрва ќе се преговара. Фудбалерот на Интер знае да игра на неколку позиции, што му овозможува на Жозе да ротира. Јунајтед ќе биде петтиот клуб за Перишиќ, претходно го носеше дресот на Бриж, Борусија Дортмунд и Волфсбург.

Се вчитува...