Мурињо: Во ЛШ е најважен четвртфиналниот чекор, потоа можеш и до пехарот!

Манчестер јунајтед вечерва гостува во Шпанија и ќе ги одмери силите со Севилја во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Менаџерот Жозе Мурињо е внимателен и вели дека овој двомеч е можеби и клучен за „црвените ѓаволи“. Доколку ја минат Севилја, можат да одат до самиот крај и да го освојат пехарот во елитното европско натпреварување.

„Секогаш сум го велел истото. Чекорот што треба да се направи од осминафиналето кон четвртфиналето во ЛШ е секогаш најтежок. Потоа веќе имаш реални шанси и за освојување на пехарот. Истото им го велев на играчите и кога бев тренер на Порто и на Интер, ова е најважното, потоа влегуваш во разврската каде е се можно. Ако дојдеш до четвртфиналето, имаш чувство дека можеш и да победиш. Севилја е одличен тим, кој умее да се брани цврсто, а потоа одеднаш да зададе противудар. Затоа мораме да бидеме внимателни и фокусирани на натпреварот. Тие секогаш играат фантастично во Европа“, изјави Жозе Мурињо во пресрет на вечерашниот меч.

 

Се вчитува...