Мурињо во војна: Играчите на Сити се добри актери

Жозе Мурињо ги подгреа страстите во пресрет на големото градско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити, обвинувајќи ги противничките фудбалери дека се обидуваат да глумат на теренот и да изнудат непостоечки прекршоци.

„Сите добро знаеме дека се квалитетен тим, како што покажуваат и резултатите. Сепак, ако има една работа што не ми се допаѓа кај нив што е што се обидуваат да глумат, па лесно завршуваат на земја. Ќе дувне малку посилен ветер, а тие се веќе на земја и бараат прекршок“ – во свој стил прокоментира Мурињо.

Претходно Гвардиола најави дека неговиот тим ќе настојува да не прави прекршоци за центаршутеви бидејќи противникот ќе има предност во височина, но Мурињо имаше одговор и за ова.

Да, навистина… кога ќе напаѓаме ќе имаме предност на височина со Мата против Компани“ – иронично одговори Португалецот.

Фил Џонс повторно е во комбинација за настап за Јунајтед, но Мурињо дефинитивно нема да може да смета на Баи. На спротивната страна, Давид Силва ќе биде стартер за Сити откако ги надмина проблемите со повредата што го мачеа во последните денови.

Се вчитува...