Муслин: Не сакав да дозволам тимот да се составува од менаџерите во чаршија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Муслин: Не сакав да дозволам тимот да се составува од менаџерите во чаршија

Муслин: Не сакав да дозволам тимот да се составува од менаџерите во чаршија

Славољуб Муслин веќе не е селектор на фудбалската репрезентациоја на Србија, откако спогодбено го раскина договорот со федерацијата на нашиот северен сосед. И покрај тоа што ги одведе на Светско првенство, Србите му најдоа замерки за неговата работа, објаснувајќи дека селекцијата и немала соодветно добра игра на последните мечеви. Но, и Муслин конечно проговори зошто е сменет.

„Јас никогаш нема да дозволам тимот да ми го составуваат менаџери во чаршија. Токму затоа и се разделивме. Менаџерот на Милинковиќ – Савиќ (Матеја Кежман н.з.) водеше хајка против мене во медиумите. Тој менаџер некако и можам да го разберам затоа што сака да заработи милиони на неговиот трансфер. Јас и денес тврдам дека тој е добар играч, исто како и Љајиќ, но кај мене предност имаше Тадиќ, кој во последните квалификации беше третиот најпродуктивен европски фудбалер. Потсетувам дека Љајиќ даде вкупно три гола, а досега одигра 23 меча за Србија, а во квалификациите за ЕП на седум меча двапати ја тресеше мрежата. Значи Сергеј Милинковиќ – Савиќ и Адем Љајиќ имаа силна конкуренција. Токму затоа и не ја разбирам оваа хајка. Ние имавме задача и во потполност ја исполнивме, се пласиравме на Светското првенство во Русија. Имаше многу селектори пред мене, но немаа такви успеси. Затоа, уште еднаш ќе повторам, Муслин не дозволува менаџери да му го составуваат тимот и си заминав“, изјави Славољуб Муслин за српските медиуми.


 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.