Муслин заминува од кормилото на Србија

Ги одведе на Светско првенство, а тие сега ќе го сменат. Славољуб Муслин нема да биде веќе селектор на Србија, пишува весникот „Спортски Журнал“. Тој нема да го соопшти списокот на фудбалери за претстојните пријателски натпревари со Кина и со Јужна Кореја, туку тоа ќе го сторат неговите помошници Младен Крстајиќ и Горан Буњевчевиќ.

Според информациите кај нашиот северен сосед, челниците на српскиот фудбал се незадоволни од последните игри на репрезентацијата, иако Србија успеа да се пласира на мундијалот во Русија. Досега се одвиваа преговори, но „Спортски Журнал“ категорично тврди дека Муслин дефинитивно си заминува, а раководството на ФСС ќе го бара најдоброто можно решение за нов селектор. Како сериозен кандидат се споменува Драган Стојковиќ Пикси, но тој самиот ја демантираше можноста да се врати од Кина и да ја предводи Србија на Светското првенство.

Се вчитува...