Муслиу: Се чувствувам подобро, посакуваме триумф и против Норвешка

Македонската фудбалска репрезентација утре, со почеток во 18.30 часот, на арената „Филип Втори“ ќе го одигра последниот натпревар во 2017 година. Репрезентативците сакаат да ја заокружат со уште еден успех, по позитивните резултати што ги направија во серија на крајот од завршениот квалификациски циклус.

Дефанзивецот на Вардар, Висар Муслиу, кој пристигна со повреда, се чувствува подобро и во последен момент докторскиот тим ќе одлучи дали ќе биде способен за настап против Норвежаните. Но, тој ја пренесува одличната атмосфера во националниот тим и размислувањата да се победи Норвешка на утрешниот дуел.

„Се чувствувам многу подобро. Имав проблеми со мускулот на стартот од подготовките, но сега сум многу подобро и се надевам дека ќе можам да одговорам на задачите. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, размислуваме позитивно и сакаме со успех да ја заокружиме оваа 2017 година. Верувам дека сите што ќе настапат, ќе го дадат својот максимум за да стигнеме до посакуваниот триумф“, изјави Висар Муслиу.

Се вчитува...