МЗТ е беда и очај: Мега-негатива за едно полувреме

Огромната криза во редовите на МЗТ Скопје од ден на ден се повеќе се продлабочува, за македонскиот првак денеска да го допре дното, со очајното прво полувреме што го игра против Мега Бемакс.

„Сино-белите“ не личат на шампионски, туку на селски тим, повторно играат катастрофална одбрана, а не им оди ниту во нападот, па неслучајно по 20 минути игра имаат огромен 21 поен негатива.

Најавата дојде за само две минути, колку што им беше потребно на гостите да поведат со 0-9. Следеше тајмаут на Тодоров, но ситуацијата не се промени премногу, Трајковски доби две лични грешки, па мораше набрзо да го напушти теренот, a без еден од своите клучни играчи „металците“ делуваа загубено. Тој се врати пред крајот на првата четвртина и со пет поени придонесе да дојде до кратко будење во нападот, но не и за поправање на впечатокот, бидејќи Мега доминираше во вторите 10 минути и на одмор заслужено замина со преубедливи 36-57.

Се вчитува...