МЗТ Скопје ги запали „моторите“ (фотогалерија)

Под водство на старо-новиот тренер, Александар Тодоров, МЗТ Скопје вечерва во големата сала од СЦ „Јане Сандански“ ги стартуваше подготовките за новата сезона во која аеродромци ќе атакуваат на седма титула во низа, воедно и ќе се обидат да се вратат на тронот во Купот на Македонија.

Главни играчи на тимот се очекува да бидат Дамјан Стојановски и Бојан Трајковски, а штета е што стартот на сезоната ќе го пропушти Марко Симоновски, кој уште неколку месеци ќе биде надвор од терените.

Од странските кошаркари присутен беше само плејмејкерот Гарсија, доаѓањето на двајцата Американци Даниел Џенсн и Брент Бејли се очекува во текот на ноќта, па и тие од утре ќе му бидат на располагање на тренерот Тодоров. Веќе се договорени и неколку пријателски средби, се со цел „металците“ да бидат максимално подготвени за стартот на сезоната и премиерниот дуел од АБА-лигата против Партизан, закажан за крајот на септември.

[new_royalslider id=”744″]

Се вчитува...