МЗТ Скопје ја комплетираше полуфиналната четворка во Купот: Лесно против Кожув

МЗТ Скопје е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако славеше во четвртфиналето против Кожув со 83-72 (23-11,24-27,17-17,19-17).

„Металците“ максимално рутински обезбедија место меѓу четирите најдобри на турнирот во Кавадарци, најавувајќи ја победата против гевгеличани уште во првиот период кој го добија со 12 поени разлика.

hol kozuv mzt

Во продолжението кошаркарите на Кожув се обидоа да се доведат во позиција за изненадување, но актуелниот шампион на Македонија постојано ја контролираше и играта и резултатот за конечен триумф од 83-72.

jure lalic mzt kozuv

Најдобри поединци во редовите на МЗТ Скопје беа Дреновац и Скот со по 24 постигнати поени. Скот имаше и девет скока. Двоцифрен ефект имаше уште само Лалиќ со 11 постигнати поени. Во поразениот состав се издвоија МекНил со 18 поени и Мијовиќ со 17 постигнати поени и 11 скока.

МЗТ Скопје во полуфиналето од Купот на Македонија го очекува пресметката со домаќинот на турнирот, екипата на Фени Индустри. Во второто полуфинале ќе се соочат Карпош Соколи и Работнички.

Се вчитува...