МЗТ Скопје „леташе високо“ над Карпош

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележа четвртата победа во низа во домашниот шампионат совладувајќи го тимот на Карпош соколи со високи 101-60. „Металци“ ја оправдаа улогата на фаворит против младите „соколчиња“ во знаостанатата средба од 12. коло. МЗТ уште на стартот од дуелот ја презеде контролата, па без поголеми проблеми обезбедија нови бодови со кои се искачуваат пред Гостивар на третото место на табелата.

Тренерот Жељко Лукајиќ им даде поголема минутажа на младите Маслинко, Тодоровски и Настовки кои ја оправдаа довербата надигрувајќи ја екипата од Карпош. Победата веќе беше осигурана по првото полувреме (56-35), а до крајот МЗТ стигна довисоки +39, и со „100-ка“ во кошот на вицешампионот ја забележаа севкупно деветтата победа оваа сезона.

Андреј Маслинко импресионираше со дабл-дабл учинок, поточно 34 поени и 12 скока, Бојан Трајковски додаде 18, Настовки 10 поени. Кај соколите како најефикасни се истакнаа Лука Петровски и Андреј Атанасов со 16, односно 15 поени.

Се вчитува...