МЗТ Скопје посакува чудо: Црвена Звезда вечерва гостува во „Јане Сандански“

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен ќе го пречека актуелниот првак во АБА-лигата, тимот на Црвена звезда (18 часот), во меч од 17. коло од АБА-лигата. По триумфот над Цибона во минатото коло, „металците“ се надеваат дека можат да направат чудо, иако против себе ќе имаат исклучително силен состав, кој како голем фаворит влегува во вечерашниот натпревар. Во составот на „црвено-белите“ ќе биде и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

„На сите им е јасно дека Црвена звезда во овој натпревар влегува како голем фаворит. Нашата шанса треба да ја бараме во фактот што противникот неделава одигра два тешки дуели од Евролигата, како и тоа што имаа одредени повредени играчи во тимот. Ние треба да ја повториме играта од претходниот меч против Цибона и на тој начин да се обидеме да го изненадиме актуелниот шампион во АБА“, вели Мавра.

Ова ќе биде 12. дуел на овие два тима во регионалното натпреварување во кои МЗТ Скопје Аеродром победи еднаш и тоа на домашен терен пред нешто повеќе од четири години. Останатите десет средби завршија со триумф на црвено-белите од Белград.

Судии на средбата ќе бидат Игор Драгојевиќ (Црна Гора), Марко Јурас (Србија) и Крунослав Пеиќ (Хрватска). Билетите за овој меч веќе подолго време се во продажба по цена од 100 денари.

Се вчитува...