МЗТ Скопје со пораз се враќа од гостувањето во Солун

Екипата на МЗТ Скопје денес претрпе пораз во Солун од грчкиот прволигаш Арис во контролниот натпревар, со резултат од 72-54 (18-16, 26-18, 16-9, 12-11). Аеродромци во првата четвртина беа достоен противник на домашниот состав, но притисокот на Арис, кој е предводен од легендарниот Панајотис Јанакис, во продолжението од средбата беше клучен фактор за поразот на актуелниот македонски првак.

Меѓу избраниците на Тодоров најефикасен беше Бојан Трајковски со 16 поени, Брет Бејли постигна 11, додека Јуре Лалиќ заврши со 10 поени.

Ова е трет пораз за „сино-белите“  во досегашните подготовки, откако беа поразени во пресметките со Бујукчекмече и со Цибона на турнирот во Истанбул.

Се вчитува...