МЗТ Скопје: Целиот циркус на МКФ е вешто дефокусирање на јавноста - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

МЗТ Скопје: Целиот циркус на МКФ е вешто дефокусирање на јавноста

МЗТ Скопје: Целиот циркус на МКФ е вешто дефокусирање на јавноста

МЗТ Скопје преку соопштение го изрази своето незадоволство од одлуката на МКФ со формирање на Здравствена комисија да избегне одговорност за непокриеното осигурување на репрезентативците од почетокот на подготовките, што придонесе да дојде до „случај Марко Симоновски“.

Соопштението на македонскиот шампион го пренесуваме во целост:

„Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром е максимално разочаран од неодамнешната одлука на Здравствената комисија на МКФ, според која Марко Симоновски не може да смета на отштета од федерацијата бидејќи „немал нова повреда“ односно „скршеница“ поради која по само една недела се повлече од репрезентацијата во пресрет на претквалификациите за СП 2019. Воопшто не сме задоволни од ваквото решение и не ни се јасни критериумите за неговото донесување особено во делот на манипулација со термините „стара повреда“ и „свежа фрактура“. Наместо да застане во заштита на репрезентативците, раководството на МКФ се користи со сите средства да побегне од одговорноста за нешто што што е во нивна надлежност. Особено што Симоновски успешно ги минал лекарските прегледи пред подготовките и една недела бил во тренажен процес пред да се повреди.

Нам ни е јасно, а сега сакаме со тоа да ја запознаеме и целата македонската јавност, дека целиот циркуз со Здравствената комисија е само вешт обид на Петар Наумоски да ја дефокусира јавноста од вистинскиот проблем – немањето осигурување за кошаркарите. Само поради ова, Симоновски денеска е на цедило односно не може да ги искористи своите права како репрезентативец.

Ноторен факт, кој не може да се побие со никакви спинови од Куќата на кошарката, е податокот дека членовите на националниот тим немале осигурување во периодот од почетокот на подготовките на 21 јуни до 1 јули, кога стартувала осигурителната полиса на МКФ во ФИБА. Кој и зошто дозволил кошаркарите да тренираат без да бидат заштитени, се прашања на кои одговор може да даде само луѓето кои ја предводат македонската кошарка.

Во една ваква ситуација сакаме јавно да апелираме до Наумоски и останатите до него да престанат да ги штитат сопствените интереси и покриваат направените грешки и да почнат да размислуваат за оние за кои и се на функциите – кошаркарите. Зарем не беше баш Наумоски тој што иницира смена на раководството на тогашното КСМ во ноември 1998 година токму поради немање осигурување за репрезентативците и што се случило во изминативе 20 години тој да ги смени своите аршини и приоритети.

МЗТ Скопје Аеродром од МКФ бара да си ја признае вината во делот со пропустот во осигурување, да постапи човечно и да излезе во пресрет на сите барања на кошаркарот. Тоа што го доби Дамјан Стојановски од ФИБА кога лани се повреди на средбата со Велика Британија треба да биде репер за тоа што Симоновски треба да го добие од МКФ додека се рехабилитира од повредата добиена на тренинг на националниот тим“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.