МЗТ во Љубљана ќе води нова битка за опстанок

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (21 часот) на гостински терен во Љубљана го играат својот осми натпревар во АБА-лигата сезонава, повторно против директен ривал во битката за опстанок. Избраниците на Александар Тодоров за противник ќе ја имаат екипата на Олимпија, која исто како и МЗТ има скор од две победи и пет порази во досегашниот дел од сезоната, па вечерашниот меч ќе биде битка за бегство од „фенерот“.

МЗТ во изминатиот период направи значителни промени во составот, па за Мајсторовиќ, Мавра и за Павличевиќ денешниот меч ќе биде и деби во АБА-лигата, откако претходно во петокот за првпат го облекоа дресот на МЗТ Скопје на дуелот од домашното првенство против Куманово.

Ние сме во ситуација кога мораме да го подобриме впечатокот од претходниот дуел против Мега, кога загубивме пред своите гледачи. Сега имаме неколку нови кошаркари, работите изгледаат подобро, но тоа треба да се потврди и на теренот. Очекувам максимално залагање и желба за успех. Олимпија е фаворит, но ние ќе сториме се за да изненадиме и да покажеме дека доаѓаат подобри денови за нашиот клуб“ – изјави треннерот Александар Тодоров во пресрет на денешниот натпревар.

Во однос на последниот дуел во тимот се враќа Игор Пенов, а поради повреда се уште „во аут“ е Минчев.

Се вчитува...