На Барса и честитаа и Њу Ингланд патриотс: Добредојдовте во друштвото

Пресвртот што го напрaви Барселона против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, дефинитивно ќе влезе во историјата на најголемите спортски пресврти. Избраниците на Енрике така ја продолжија серијата од неверојатни резултати што се случија во спортот во последнава година.

Во ЛШ никој не успеал да се врати по 0-4 во првиот меч, но Барселона тоа успеа да го направи, иако дури и во реваншот прими гол, па за пласман и требаа дури шест гола во противничката мрежа. Но, Барса успеа да го достигне тоа и да го исполни претскажувањето на тренерот Луис Енрике кој пред натпреварот рече:

„Па што ако тие ни дадоа четири гола, ние може да им дадеме шест“

И, на крај тоа и се оствари, Барселона победи со 6-1 и остана во ЛШ. По победата први меѓу првите на Барса и честитаа нивните спортски пријатели, шампионите во НФЛ, Њу  Ингланд патриотс. Тие оваа година во Супербоул исто така направија нешто што не успеал ниеден друг тим претходно – го свртеа мечот во кој губеа со 25 поени разлика (3-28) против Атланта фалконс и ја освоија титулата.

barsa patriots

„Добредојдовте во клубот на повратниците. Честитки за неверојатната победа“ – стои во честитката од САД.

А, брзо потоа на социјалните мрежи стигна и одговорот од Барселона во која каталонците им се заблагодаруваат на своите „инспиративни пријатели“.

barsa 2

Се вчитува...