На Бруна и е подобро без Нејмар (ФОТО)

Бруна Маркезине набрзо по разделбата со Нејмар, ги израдува своите обожаватели со разголени фотографии на кои атрактивната Бразилка ужива во одморот. Бразилската актерка на фотографиите што ги објави на својот Инстаграм профил изгледа подобро од кога и да е.

bruna 5

Со разголени раменици, длабок шлиц и весел поглед, Бруна му покажа на Нејмар што испуштил. Бразилскиот фудбалер и атрактивната актерка се разделија на крајот од минатиот месец, но како што изјави Нејмар тие и по раскинувањето на љубовната врска останале добри пријатели.

bruna4

„Тоа е решение што го донесовме двајцата заедно. Ја обожавам Бруна и се надевам дека ќе биде среќна и во професионалниот и во приватниот живот. Остануваме пријатели, животот продолжува понатаму“ – изјави тогаш Нејмар.

bruna 001

Бруна Маркезине и Нејмар беа во врска неколку години.

nejmar bruna

Во 2014 година прв пат се разделија, но набрзо потоа повторно беа заедно. Јавноста ја откри нивната љубов за време на Олимписките игри во Рио де Женеиро кога нивните заеднички фотографии излегоа на насловните страници во многу медиуми.

Се вчитува...