На Флорентино му пукна филмот, ќе го продава Кристијано

Очајно лоша е атмосферата во редовите на Реал Мадрид, резултатите се катастрофални, Зинедин Зидан не успева да ја најде победничката формација, а згора на тоа, Кристијано Роналдо води војна со клупската управа барајќи нов договор на нивото на оној на Лионел Меси со Барселона.

Сепак, има разлика… ако досега Флорентино Перез правеше се за да ги задоволи барањата на својата најголема ѕвезда, сега првиот човек на Реал Мадрид нема намера да се смири со Роналдо. Како што јавува португалскиот весник „Рекорд“, Флорентино јасно ставил до знаење дека нема намера да плаќа 50 милиони евра по сезона (колку што барал Роналдо) за 33-годишен фудбалер, кому згора на тоа формата му се движи во надолна линија.

Тој разговарал и со менаџерот на Португалецот, Жорге Мендеш, на кого му ставил до знаење дека е подготвен да ги разгледува понудите за Роналдо што ќе пристигнат на негова адреса. Флорентино самиот не ја одредил цената, туку ќе почека да види колку би изнесувале понудите, но се очекува првиот човек на Реал да бара најмалку 100 милиони евра за Кристијано.

Се вчитува...