На кого му покажа Деле Али среден прст? (ВИДЕО)

Англија ја совлада Словачка со 2-1 и направи огромен чекор напред кон мундијалот во Русија, но камерите на „Вембли“ го уловија Деле Али како покажува среден прст во текот на натпреварот. Главната дилема во британските медуми денеска е дали тој би можел да биде казнет за своето однесување. Дебатираа и Рајан Гигс и Јан Рајт…

„Да ги разјаснам дилемите, се шегував со мојот добар пријател Кајл Вокер“, изјави кусо Деле Али. Тоа значи дека Деле Али му покажал среден прст на својот соиграч од националниот тим, кој до неодамна му беше и соиграч во Тотенхем, а летово направи трансфер во Манчестер сити.

Сепак, главното прашање е дали судијата Клемен Турпен тоа го има заведено во својот извештај до ФИФА. Доколку е така, тогаш Деле Али сигурно ќе биде казнет…

Се вчитува...