На мечот во Мајнц поддршка за повредениот Златко: Навивај спортски место да напаѓаш со нож!

На мечот од германската Бундеслига меѓу Мајнц и Шалке 04 вечерва поддршка и за повредениот „Комита“, Златко кој неодамна беше нападнат и прободен со нож во центарот на Скопје.

Големиот навивач на Вардар, нашинецот Наце Митев од Германија вечерва преку својот транспарент, и како фан на Шалке 04 испрати порака за спортско навивање и на македонските спортски арени.

„Навивај спортски место да напаѓаш со нож. Златко биди јак“ – е пораката и од нашинецот од Германија со повик до сите навивачки групи во Македонија конечно фокусот да биде ставен единствено на бодрење на своите тимови, а не меѓусебно напаѓање кои ниту најмалку не помага за развојот на спортот и спортската култура.

Се вчитува...