На минување – годи женско друштво: Вардарци на „тренинг“ со Будуќност (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар си ја одработија својата задача викендов во Лигата на шампионите, на убедлив начин стигнувајќи до посакуваната победа против словенечки Целје. Утре, од 17:30 часот, истото во ЛШ ги чека и црвено-црните девојки против еден од најдобрите европски клубови, црногорскиот Будуќност.

Па, крајот на мечот меѓу Вардар и Целје, значеше и почеток на официјалниот тренинг на ракометарките на Будуќност во СЦ „Јане Сандански“… Сето тоа и за размена на по некој збор меѓу стари познаници од Вардар и од Будуќност. Секако, и тренерот на „вардарци“ Раул Гонзалес доби честитки за победата над Целје од стратегот на Црногорките, Драган Аџиќ… Раул, пак, веруваме му посакал утре да загуби од ЖРК Вардар…

[new_royalslider id=”516″]

Се вчитува...