На ракометарките им треба поддршка, бесплатен влез за баражот со Шведска

Македонската женска сениорска репрезентација в сабота (10 јуни) од 20:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одигра првиот натпревар од бараж-двомечот за пласман на СП 2017 против силната Шведска. Нашата селекција ќе ја има улогата на аутсајдер, на избраничките на селекторот Симовски ќе им биде нехопдна силна поддршка од трибините, па токму затоа раководството на РФМ донесе одлука влезот за натпреварот да биде бесплатен, се со цел да се создаде што подобра атмосфера во македонскиот ракометен храм.

Македонската репрезентација до пласман во баражот стигна со успешниот настап на квалификацискиот турнир на Фарски Острови на кој покрај Македонија и домаќинот, настапија уште Исланд и Австрија.

Реваншот од баражот за ракометниот мундијал ќе се игра во Шведска на 13 јуни.

Се вчитува...