На Спортинг Лисабон му недостигаат милион евра за Стефан Ристовски

Португалскиот гигант Спортинг Лисабон е сериозно заинтересиран за македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, но понудил само 2 милиони евра за да го купи од редовите на Ријека. Хрватскиот првак сепак има други планови и бара најмалку уште еден милион повеќе за да му дозволи на Македонецот да замине во Португалија. Преговорите продолжуваат, но трансферот не е во завршна фаза, како што претходно најавија португалските медиуми.

„Јас во Спортинг Лисабон? Верувајте, ќе знаев да е таква работата. Претседателот Мишковиќ пред мечот со Салцбург ми рече да мислам само на Ријека и засега нема ништо од трансфер. Се уште има време до крајот на преодниот рок, но не е ништо договорено со Спортинг Лисабон“, изјави Стефан Ристовски за хрватските медиуми, по синоќешниот успех на Ријека и пласманот во плејоф колото од Лигата на шампионите.

Се вчитува...