На „Железарница“ и во Охрид без голови, Илијоски израмни во Кратово

Вардар дојде со сениорскиот тим на „Железарница“, но по првото полувреме не успеа да обезбеди предност против „фенерџијата“ Скопје. Не само што не води, туку Вардар не успеа да упати ниту еден директен удар кон голот на Скопје во првите 45 минути.

Без голови е и во Охрид, на дуелот меѓу Победа и Академија Пандев, но затоа има два во Кратово. Силекс поведе со голот на Маркос Жуниор во 11.минута, но Баже Илијоски успеа да израмни со одличен шут од 20 метри во 42.минута од мечот.

Се вчитува...