Надал: Еден ден би сакал да бидам претседател на Реал Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати во врвна форма и стигна до финалето на Австралија Опен, па повторно се наоѓа на насловните страници на светските медиуми. Во својата родна Шпанија, покрај своите тениски остварувања, Надал е познат и како страствен фан на Реал Мадрид, а новинарите го искористија тоа и за да му постават провокативно прашање. Дали еден ден би можел да се види како претседател на „кралскиот клуб“…

„Во овој момент тоа е утопија. Сами знаете дека имам професионални обврски во тенисот. Но, знаете и дека секој слободен момент го користам за да дојдам и да гледам натпревар на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Сега имаме одличен претседател во Флорентино Перез, но еден ден, доколку се спојат некои работи, и доколку ми биде укажана таква можност, секако дека би сакал да бидам претседател на мојот омилен клуб. Но, тоа е и огромна обврска за која треба долгогодишна подготовка“, истакна Рафаел Надал.

Се вчитува...