Надал „газеше“ се до финалето во Акапулко, па остана без титула

Американскиот тенисер Сем Квери е победник на АТП турнирот во Акапулко откако во финалето беше подобар од Шпанецот Рафаел Надал со 6-3,7-6(3).

Квери, кој е 40-ти тенисер во светот, до деветтиот свој трофеј во кариерата стигна изненадувајќи го големиот фаворит. Надал беше победник на турнирот во Акапулко во 2005 и во 2013 година. Се до денешното финале немаше загубено ниту еден сет во Акапулко, но сега остана без трофејот.

Надал во полуфиналето го исфрли Марин Чилиќ, додека Американецот на патот до финалето беше подобар од Давид Гофин, Доминик Тим и Ник Киргиос.

Се вчитува...