Надал и Федерер го предводат тенискиот „октет“ во Лондон - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Надал и Федерер го предводат тенискиот „октет“ во Лондон

Надал и Федерер го предводат тенискиот „октет“ во Лондон

Тениската сезона се ближи кон крајот, а тој традиционално ќе биде означен со завршниот турнир на осумте најдобри тенисери годинава според АТП листата. Турнирот годинава ќе се одржи од 12 до 19 ноември во Лондон.

Листата на најдобрите осум тенисери во светот ја предводат старите ривали, Рафаел Надал и Роџер Федерер, а карактеристично е тоа што од ланскиот список, во тенискиот „октет“ за Лондон останаа само двајца тенисери, и тоа тие што последни се квалификуваа за ланскиот турнир – Марин Чилиќ и Доминик Тим.

Посетителите во О2 Арената во Лондон на завршниот турнир годинава ќе гледаат тенисери од осум земји – првиот светски рекет, Рафаел Надал (Шпанија), шесткратниот шампион Роџер Федерер (Швајцарија), дебитантите Александар Зверев (Германија), Григор Димитров (Бугарија), Давид Гофан (Белгија) и Џек Сок (САД), како и ланските учесници Доминик Тим (Австрија) и Марин Чилиќ (Хрватска).

Место на завршниот турнир во Лондон обезбеди и Стен Вавринка, но тој поради здравствени проблеми, предвреме ја заврши сезоната и на негово место шанса доби Американецот Џек Сок, сензационалниот победник на Мастерс турнирот во Париз. На чело на листата треба да биде Рафаел Надал иако неговиот настап во Лондон се уште е неизвесен поради проблемите што ги има Шпанецот со повредата на коленото поради која се повлече од турнирот во Париз минатата недела. Надал најави дека ќе патува во Лондон и непосредно пред стартот на турнирот, ќе одлучи дали ќе настапи.

Со ждрепката што ќе се одржи утре, тенисерите ќе бидат поделени во две групи кои ќе ги носат имињата на легендарните играчи – Пит Сампрас и Борис Бекер. Американецот пет пати во кариерата триумфираше на завршниот турнир сезонава, а Германецот три пати го освои победничкиот пехар.

atp london

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.