Официјално – Надал ја завршува годината како број 1 во светот

Рафаел Надал официјално, ќе ја заврши годината како светски рекет број еден. Со победата над Кореанецот Хјон Чунг ос 7-5, 6-3, на стартот од Мастерс турнирот во Париз, Шпанецот ја осигура првата позиција на АТП листата и по четврти пат во кариерата завршува како најдобар тенисер во светот, по 2008, 2010 и 2013 година.

Исто така, 31-годишниот Надал стана и најстариот играч што ќе ја заврши годината како првопласиран на АТП листата.

Со оваа победа во Париз, Шпанецот им се приклучи на Новак Ѓоковиќ, Иван Лендл и Џон Мекинро кои исто така по четиир пати на крајот од годината биле број 1 во светот. На оваа листа, прв е Пит Сампрас на кого тоа му успеа шест пати, а пет пати на врвот на АТП на крајот од годината биле Роџер Федерер и Џими Конорс.

Во осминафиналето на Мастрес турнирот во Париз, Надал ќе игра против Уругваецот Пабло Куевас кој во три сета го победи Алберто Рамос (6-7, 7-6, 6-2).

Се вчитува...