Надал: Морам да работам напорно за да ги престигнам Мареј и Ѓоковиќ

Некогаш беше прв на светската АТП ранг листа, а во моментов Рафаел Надал е на деветтата позиција. Падот на формата го чинеше првото место во поединечната конкуренција, но шпанскиот тениски ас е подготвен да се врати во топ форма.

„Да не верував дека можам да ги победам сите немаше да бидам овде. Мојата цел е да се натпреварувам на највисоко ниво и знам дека морам така да размислувам ако сакам да ги победам Мареј и Ѓоковиќ. Работам напорно и доколку продолжам со ова темпо ќе успеам во сите свои намери. Мислам дека Мелбурн ќе биде моја прилика за повторно да заиграм добро. Се надевамд ека ќе биде подобро од минатата година кога испаднав во првото коло“ – вели Надал кој минатата година беше елиминиран од Вердаско.

Австралија Опен, кој е првиот Гранслем за оваа календарска година почнува за точно седум дена и ќе трае до 29. јануари.

Се вчитува...