Надал нема да игра во Ротердам

Рафаел Надал нема да учествува на претстојниот турнир во Ротердам откако по консултации со својот лекарски тим на Шпанецот му било кажано дека ќе мора да одмори за да не ризикува со серија на повреди како што му се случи во 2016 година. Надал стигна до финалето на Австралија опен, по што се пожали на премореност, а лекарите предупредија дека тоа може да дојде до нова посериозна повреда.

Искрено жалам што нема да можам да настапувам во Ротердам. Имав добар старт на сезоната во Мелбурн, но се чувствувам изморено и морам да одморам за телото да ми се рехабилитира и да бидам подготвен за следните предизвици“ – изјави Надал.

Ова е втор сериозен удар за организаторите на турнирот во Ротердам, откако во текот на оваа седмица своето учество го откажа и Стен Вавринка, поради болки во коленото.

Се вчитува...