Надал: Ниту еден успех не доаѓа сам, се е тоа напорна работа…

Рафаел Надал лесно го совлада Станислас Вавринка во финалето на Ролан Гарос стигнувајќи до нов свој трофеј на Грандслем турнирите.

„Ова беше совршен Ролан Гарос. Играв добро во текот на целиот турнир… Ако ме прашувате околу тајната за овој победнички ритам, нема тука ништо посебно. Успехот не доаѓа сам, но се постигнува со секојдневна напорна работа. Мене тој успех овде ми се случил десет пати, и затоа сум пресреќен. Се чувствувам прекрасно, минав бројни тешки моменти поради повреди и се останато, но сега тоа е зад мене“ – вели Надал.

Шпанецот, кој има 31 година, по три години се врати на втората позиција на АТП листата.

„Не сум една од оние екстремно организирани личности кои секогаш знаат што ќе прават следно. И натаму одам чекор по чекор, се додека тоа ме прави среќен. Ако едно утро кога ќе станам повеќе нема да чувствувам мотив за тренинг и натпреварување, тогаш ќе ја завршам кариерата. Но, не се грижам за тоа. Јас сум среќна личност. Кога ќе се случи крајот, ќе се случи, но засега се уште имам огромна мотивација за тренинг“ – вели Рафаел Надал.

Се вчитува...