Надал се испоти против Димитров, но стигна до полуфинале - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Надал се испоти против Димитров, но стигна до полуфинале

Надал се испоти против Димитров, но стигна до полуфинале

Рафаел Надал наиде на сериозен отпор од Григор Димитров, но прворангираниот светски тенисер сепак успеа да најде начин да победи и да се пласира во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Шангај. Шпанецот дојде до водство од 1-0, но Димитров возврати добивајќи го тајбрејкот во вториот сет. Бугарскиот тенисер имаше голема шанса за победа откако не искористи брејк топка при 2-2 во третиот сет. Надал најпрвин го спаси сопствениот сервис, веќе во следниот гејм самиот стигна до брејк и заслужено славеше со конечни 6-4, 6-7, 6-3.

Следен противник на првиот носител ќе биде Хрватот Марин Чилиќ, кој во првиот четвртфинален дуел го совлада Рамос Винолас со 6-3, 6-4. Со тоа Чилиќ си обезбеди историски ранкинг и од понеделник ќе се искачи на четвртото место на АТП-листата, користејќи ја прераната елиминација од овој турнир на Алекс Зверев.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.