Надал се откажа од АТП-шампионатот!

Рафаел Надал стисна заби и реши да настапи на АТП-шампионатот во Лондон и покрај повредата на коленото што го мачи веќе извесно време. Сепак, тоа се покажа како погрешен избор, па Надал по вечерашниот пораз од Давид Гофан реши и дефинитивно да го заврши својот настап на завршниот турнир.

„Сторив се за да играм, но исто така и реков дека ќе настапам само ако можам да играм на највисоко ниво. Тоа дефинитивно не е случај, па решив да се повлечам и да не ризикувам посериозна повреда“ – порача Надал.

Неговото место до крајот на овој турнир ќе го заземе Шпанецот Карено Буста, кој ќе настапи на дуелите со Димитров и со Тием.

Се вчитува...