Надал: Се откажувам од борбата за првото место

Рафаел Надал изјави дека веќе нема да се бори за првото место на АТП листата. Шпанецот неодамна беше симнат од врвот од Роџер Федерер кој на 36-годишна возраст со победата во Ротердам повторно стана светски рекет број еден. Надал вели дека во продолжението на сезоната едноставно, ќе се труди да ужива во тенисот и да биде среќен на терен.

Федерер не мораше да се врати на првото место за покаже што значи тој во тенисот. Тоа што го направи е многу тешко и јас можам само да му честитам. Ренкингот не лаже, тој беше подобар од мене во последните 12 месеци. Со години бев на едно од првите две места. Дали сум 1, 3 или 5 сега веќе нема разлика“- вели Рафаел Надал.

Шпанецот сега се подготвува за следниот настап на турнирот во Акапулко на кој лани загуби во финалето од Сем Квери. Иако тенисот му е на прво место и сака да се натпреварува, сепак Надал истакнува дека сега не му е приоритет првото место на кое помина вкупно 167 седмици.

„Она што ме прави среќен е тоа што се чувствувам мотивирано и натпреварувачки со желба да освојувам турнири. Нема да се борам за првото место. Ќе се борам да ја одиграм сезоната најдобро што можам, а ако тоа подоцна ќе значи шанса да е вратам, тогаш е во ред. Се борам да бидам среќен на секој турнир што ќе го играм, тоа ми е цел. Ќе видиме каде сум на крајот на сезоната“ – истакнува Рафаел Надал.

Се вчитува...