Надал: Тони пред се ми е чичко, ја почитувам неговата одлука

Рафаел Надал ијзави дека ја почитува одлуката на својот долгогодишен тренер Тони Надал кој одлучи да се повлече на крајот на сезоната. Тони воедно му е и чичко на Рафаел Надал и покрај него е во текот на целата кариера.

„Тони има целосна слобода како што имал и секогаш, сам да носи одлуки и да го избере тоа што го прави среќен. Како што рече, тој сега има други приоритети и јас ја почитувам неговата одлука. Академијата е многу амбициозен проект, а тој покрај тоа има и семејство. Јас се чувствувам подобро кога луѓето што ги сакам се среќни. Бидејќи, пред се тој е мој чичко. Цел живот е покрај мене и со него отсекогаш имав поинаков однос отколку со другите роднини“, вели Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер се уште не одлучил дали на местото на својот чичко ќе ангажира друг тренер.

На крајот на годината ќе се состанеме со Франциско Роиг и со Карлос Моја и ќе се договориме. Се уште не знам дали ќе ми биде потребен некој нов во тимот“, истакнува Надал.

Се вчитува...