Наѓ: Дуелите со Вардар секогаш се тешки…

ЕКИПА во Брест,

Томас Ѓоргиевски

Ласло Наѓ постигна за него скромни два гола на вечерашното полуфинале против Мешков Брест, но десниот бек останува лидер на Веспрем, кој сигурно ќе има уште позначајна улога на неделното финале со Вардар. Унгарскиот ас со голем респект гледа на македонскиот првак и очекува неизвесна битка за трофејот.

Сигурно е дека нема да ни биде нималку лесно, Вардар е квалитетен тим што игра добар ракомет и има врвни играчи во своите редови. Не е важно кои играчи им се на клупата, а кои на теренот, во секој момент се многу опасни. Денеска се истрошивме, но ќе имаме сили за добар настап и во големото финале. Ќе видиме, секој натпревар е приказна за себе, но во секој случај сме свесни дека дуелите со Вардар секогаш се тешки“ – изјави Наѓ.

Се вчитува...