Нагелсман, тренер на годината во Бундес-лигата

Младиот стратег на Хофенхајм, 29-годишниот Џулијан Нагелсман, е избран за најдобар тренер во Бундес-лигата за 2016 година. Тој беше именуван во февруари 2016 година на свои 28 години како убедливо најмлад тренер во историјата на германскиот шампионат и успеа да го спаси тимот од испаѓање во минатата сезона, а оваа се бори за пласман вo Лигата на шампионите.

„Почестен сум од оваа награда. Има толку многу колеги кои вршат одлична работа во своите клубови, а признанието го добив јас. Тоа е мотив за уште понапорна работа во наредниот период. Наградата секако треба да ја поделам со моите соработници и со фудбалерите и раководството на Хофенхајм“, изјави Нагелсман.

Се вчитува...