Награди за најдобрите млади тенисери од Фондацијата на Федерер

На 07 и 08 октомври 2017 год. ќе се одржи турнирот во тенис за млади во организација на Ротари клуб Скопје. Имајќи предвид дека на првиот тениски турнир силите ги одмеруваа 15 деца, на годинешниов, шести по ред турнир – веќе етаблиран традиционален настан, се очекува уште поголема заинтересираност. Традиционално, турнирот ќе се одржи на тениските терени на Клубот МТП во Скопје, чии терени се наоѓаат веднаш до гимназијата Ѓорги Димитров.

Почетокот е во 10:30 часот на 7 октомври, а во 11:00 часот на 8 октомври. На турнирот ќе настапуваат учесници во две категории: девојчиња до 14 год. и момчиња до 14 год.

Ротари клуб Скопје и Фондацијата на Федерер ќе обезбедат награди за најдобрите учесници во двете категории.

Slika (1)За сите заинтересирани сè уште постои можност за пријавување на +389 78 398 767 или на Facebook фан страницата на Ротари клуб Скопје: https://www.facebook.com/RotaryClubSkopje.

Се вчитува...