Наинголан не го сака Јувентус, но Јувентус го сака Наинголан?!

Актуелниот италијански првак Јувентус, кој е многу блиску и до одбрана на титулата, би сакал во своите редови да го види белгискиот интернационалец Раџа Наинголан. За неговите услуги, раководството на „старата дама“ е подготвена да плати 40 милиони евра во летниот преоден рок.

Интересно, репрезентативецот на Белгија неодамна јавно истакна дека го мрази Јувентус, но, и покрај тоа, денешното издание на „Тутоспорт“, италијанскиот весник кој важи за многу близок до Јувентус, објави дека клубот од Торино има желба да го доведе Наинголан во својот состав.

Челниците на „старата дама“ дури имаат и посредник во преговорите, а тоа е Миралем Пјаниќ, кој во минатото беше соиграч со Раџа Наинголан во Рома, пред да направи трансфер во Торино.

За услугите на белгискиот интернационалец интерес покажуваат и новиот англиски првак Челси, како и италијанскиот клуб Интер.

Се вчитува...