Најавени тимови за ЛШ: Погба се враќа кај „ѓаволите“ за мечот со Севилја

Пол Погба ги надмина проблемите со повредата и ќе биде во тимот на Манчестер јунајтед за вечерашното гостување против Севилја во осминафиналето од Лигата на шампионите. Французинот беше критикуван за слабите игри на последните натпревари, но Мурињо е подготвен да му даде нова шанса да блесне на големата сцена, давајќи му ја соодветната слобода во средината на теренот крај Матиќ и Ерера.

Алексис Санчез ќе го има своето деби во ЛШ во дресот на „ѓаволите“, како поддршка за Ромелу Лукаку во нападот на најтрофејниот англиски клуб.

Во последниот осминафинален натпреварот Шахтјор ќе ја пречека Рома. Украинскиот првак е речиси комплетен, откако веќе се навикна на игра без капитенот Срна, кој подолго време е суспендиран поради позитивниот допинг-тест. На спротивната страна, Турчинот Ундер по добрите игри во Серија А ќе добие шанса и во Лигата на шампионите.

СЕВИЛЈА – МАНЧЕСТЕР Ј.

СЕВИЛЈА: Рико, Навас, Меркадо, Ленгле, Ескудеро, Нзонзи, Банега, Васкез, Сарабија, Муриел, Бен Једер.

Отсутни: Карисо, Кјаер.

МАНЧЕСТЕР Ј.: Де Хеа, Валенсија, Баи, Смолинг, Јанг, Матиќ, Ерера, Погба, Алексис Санчез, Лингард, Лукаку.

Отсутни: Рохо, Џонс, Фелаини.

ШАХТЈОР – РОМА

ШАХТЈОР: Пјатов, Бутко, Кривцов, Ракитски, Исмаили, Фред, Степаненко, Марлос, Таисон, Бернард, Фереира.

Отсутни: Малишев.

РОМА: Алисон, Перез, Фацио, Манолас, Коларов, Де Роси, Стротман, Наинголан, Ундер, Пероти, Џеко.

Отсутни: Карсдорп, Гоналон, Пелегрини.

Се вчитува...