Најбизарна приказна летово: Јоветиќ го „изигра“ Марсеј

Новиот фудбалер на Монако, Стеван Јоветиќ се најде во несекојдневна ситуација за време на неговото патување кон Ница, од каде требало да оди за да го гледа натпреварот помеѓу Монако и Марсеј. Јоветиќ патувал со хеликоптерот во кој бил и претседателот на Марсеј, Жак Анри Ејрад, па решиле да разменат по некој збор.

Претседателот Ејрад во краткиот разговор се пофалил дека неговиот клуб ќе потпише договор со Јоветиќ, но кога сфатил дека разговара токму со него, настанала расправија. Ејрад го обвинил Црногорецот дека ги измамил, бидејќи во Марсеј го очекувале да пристигне на медицински прегледи, и дека сите докумнети биле подготвени за потпишување и комплетна реализација на трансферот.

Вистина е дека Марсеј имаше желба да го доведе Јоветиќ во своите редови, но црногорскиот напаѓач се одлучи за шампионот на Франција, а Монако исплати 11 милиони евра на Интер за неговите услуги.

Се вчитува...