Најденов: Работнички може да го освои Чаир

Работнички в недела ќе гостува на Чаир против Шкупи, а „романтичарите“ посакуваат триумф за да го задржат третото место на табелата. Играчот од средниот ред, Бојан Најденов, верува дека Работнички може да ги освои трите бода, доколку го повтори изданието од првото пролетно гостување против Македонија ЃП.

„Чаир е тешко гостување за сите екипи во лигата и несомнено е дека не очекува неизвесен натпревар. Шкупи ќе има поддршка од своите навивачи, но ние сме подготвени за предизвикот. Сакаме три бода од Чаир и ќе го дадеме максимумот за да ја исполниме целта. Ќе биде тешко, свесни сме за тоа, но доколку ја повториме играта од претходниот натпревар со Македонија ЃП, можеме да се надеваме на позитивен исход“, вели играчот од средниот ред, Бојан Најденов, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...