Најдобрите македонски борачи на СП 2017 во Париз - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Најдобрите македонски борачи на СП 2017 во Париз

Најдобрите македонски борачи на СП 2017 во Париз

Во периодот 23-27 Август 2017 година, најдобрите македонски борачи Елмедин Сејфулау, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров предводени од селекторот Љуљзим Вренези ќе учествуваат на Светското првенство во борење (слободен стил) што ќе се одржи во Париз.

Македонскиот олимписки комитет во целост ги покри сите финансиски трошоци на ФБСМ за учество на најдобрите македонски борачи на ова Светско првенство.

За време на ова СП ќе се одржи и конгрес на UWW на кој ќе учествуваат претседателот и потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и Дејан Богданов кои ќе се обидат да добијат нова помош од UWW и да добијат организација на меѓународен боречки настан во Македонија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.