Најдобрите македонски дечиња ги финишираат натпреварите од Детската лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Најдобрите македонски дечиња ги финишираат натпреварите од Детската лига

На терените во Куќата на фудбалот се одиграа четвртфиналните и полуфиналните натревари од финалниот турнир од ФФМ Детските лиги 2014 година. Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

„Во текот на своето растење и созревање на децата им се потребни вистински вредности, а фудбалот е екипен спорт и им помага на најмладите да сфатат дека дисциплината, почитта, колективниот дух и фер-плејот се важни не само во играта, туку и во животот. Мораме да ги почитуваме и негуваме вредностите на спортскиот дух и неуморно да делуваме на негово зачувување. Ги покануваме сите фудбалски љубители да ни се придружат во одбележувањето на финалните натпревари од детската лига на ФФМ“ – порача претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Ilco Gjorgioski

На радост на младата популација специјален гостин на отварањето на турнирот беше овогодинешниот победник на Х Фактoр, миленикот на сите генерации Даниел Кајмаковски.

На финалниот турнир учестваат 56 екипи кои поделени во седум возрасни категории при што во секоја старосна категорија се натреваруваа по 8 екипи. Во петок ќе бидат познати најдобрите во генерациите на играчи родени 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 и 2005 а наградите ќе ги доделат претседателот на ФФМ и претставници на подржувачите на овој турнир Шпаркасе банка и Рудине.

Натпреварите за распределба на првите места во соодветните генерации на турнирот се играат утре со почеток од 10:30 часот, а прогласувањето на најдобрите е од 16 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.