Најдоброто од Македонија на ракометниот мундијал (ВИДЕО)

Македонските ракометари го зваршија настапот на Светското превенство во Франција со пласман во осминафиналето и со вкупно две победи, едно реми и два порази. Одиграа пожртвувано и уште на стартот му се реваншираа на Тунис за ланскиот пораз во квалификациите за ОИ. Победа против Ангола, добри 50 минути против Шпанија, превсврт и реми со Исланд за заокружување на групната фаза. Првиот гол на првенството дело на Филип Миркуловски, проектилите на Кирил Лазаров, цепелините со Дејан Манасков, умешноста на Стојанче Стоилов, по некој блесок на младите играчи. И, фантастичната поддршка што ја имаа нашите ракометари од „фалангата“ на трибините.

Погледнете го видеото на кое се забележани најубавите моменти од настапот на македонската репрезентација на ракометниот мундијал во Франција.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/671bb331812f51d7ba2fd0aa36a80a3f.mp4″]

Се вчитува...