Најголемите трансфер промашувања на Интер

Трансферот на Филипе Кутињо во Барселона ќе го одбележи овој зимски преоден рок. Бразилецот замина од „Енфилд“ како втор најскап фудбалер во историјата, додека утеха за Ливерпул е што овој трансфер ќе биде запишан како најпрофитабилен потег во историјата на преодните рокови.

„Црвените“ од неговото заминување заработија 12 пати повеќе од сумата за која го доведоа во нивните редови, знаејќи дека го откупија од Интер за само 13 милиони евра во јануари 2013 година, а го продадоа за 160 милиони евра (доколку се остварат сите клаузули). Во Англија пристигна како млад и талентиран фудбалер, а замина како супервезда, па се поставува неизбежно прашање – Како Интер не ги процени неговите квалитети, и зошто се откажаа од него толку лесно?

Голема е веројатноста дека Кутињо немаше да направи ваков трансфер доколку останеше во Интер, ниту самите „нероаѕури“ не би имале капацитет да преговараат за огромна сума како Ливерпул, па дури Бразилецот да се изградеше како играч на „Џузепе Меаца“ како што се изгради на „Енфилд“.

Факт е дека Интер повторно испушти да направи огромен капитал кој му беше во „своите раце“. Калчолигашот го купи Кутињо за четири милиони евра, точно е дека заработија од неговата продажба, но ни приближно колку што заработи Ливепрул. Вистината е дека Интер никогаш не веруваше во способностите на Кутињо. Од неговиот петгодишен договор, Филипе одигра само една цела сезона во црно-синиот дрес. Две сезони беше позајмен на својот матичен клуб Васко, а половина сезона помина и во редовите на шпански Еспањол. Тоа е доволен доказ колку веруваа во него, иако полугодишната позајмиа во Еспањол покажа дека треба сериозно да се смета на него. Но, тоа е Интер, а мора да се истакне дека во тие денови на клупата на миланскиот клуб беше „Специјалниот“, па од прилика може да се претпостави колку шанса добивал тогаш младиот Кутињо. Истиот тој Жозе Мурињо подоцна ги продаде Кевин Де Бруин и Ромелу Лукаку кога се врати во Челси.

Мора да се истакне дека Интер е добие „трошка“ од зделката меѓу Ливепрул и Барса – односно 1.5% од неговиот трансфер, или 2.4 милиони евра. Од овој трансфер секако ќе заработи и неговиот матичен клуб Васко Де Гама, а бразилскиот клуб ќе земе двојно повеќе од калчолигашот – четири милиони евра.

Промашувањето на Интер со Кутињо не е изолиран случај во „морето“ на лошите одлуки и потези на клубот на трансфер пазарот. Ова е само продолжение на „црната“ спирала поради која Интер често е предмет за потсмев во Италија. Кутињо сега речиси со сигурност ќе почне да реди одличја носејќи го дресот на каталонскиот гигант, а не би бил првиот играч кој направил успешна кариера откако го напуштил италијанскиот клуб.

Осум „промашувања“ на Интер:

Денис Бергкамп – Во 1993 година пристигна како голема ѕвезда од Ајакс, но се задржа само две години. Токму во втората сезона се покажа како колатерална штета поради лошата политика на клубот, но и неговата драстична промена на формата. Италијаните немаа милост со него, Бергкамп беше доста критикуван од јавноста, па за брзо беше продаден на Арсенал. Под водство на Арсен Венгер, Холаѓанецот покажа дека Интер направи голема грешка што го пушти, а доказ за тоа се бројните титули со „топчиите“.

15153104448911

Роберто Карлос – Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот во Интер во 1995 година пристигна како млада ѕвезда од Палмеираш. Бринирајќи во почеточите на неговата кариера во Милано, а потоа од него побараа нешто апсурдно. Тогашниот тренер Рој Хоџсон инсистираше Карлос да ја смени позицијата и да се пресели во нападот, а фудбалерот сметаше дека тоа ќе му го загрози местото во репрезентацијата. Поради несогласувањата со тренерот Карлос мораше да биде продаден на Реал, а по пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“ Карлос го доби статусот – најдобар лев бек во историјата.

15153106679007

Андреа Пирло – Пирло е талентот во кој Интер никогаш не веруваше (слично како Кутињо). Во 1998 година Интер го ангажираше Ектор Купер за нивен предводник, а стратегот бараше како прво негово засилување да биде Андреас Жилјелминпјетро од Милан. Челниците на Интер со цел да му ја исполнат желбата на новиот тренер понудија трампа на градскиот ривал, младиот Пирло за еден просечен аргентински играч за врска. Потег за неверување, но тоа не му пречеше на Пирло да изгради неповторлива кариера.

15153106525781

Кларенс Сидорф – Сидорф пристигна од Реал како големо засилување. Сидорф веќе беше ѕвезда, имаше освоено два трофеи во Лигата на шампиони со два различни трофеи, што требаше да значи дека ќе „царува“ на „Џузепе Меаца“. Но, Купер сметаше дека Кларенс не може да се вклопи во неговата стратегија, па одново побара играч од Милан, да биде доведен во размена. Милан без размислување го пушти Франческо Коко, а го доби Сидорф, па она „царување“ на „Меаца“ се оствари, само во црвено-црниот дрес.

15153106385199

Роби Кин – Кога Марчело Липи застана на клупата на Интер, од раководството побара да се финансираат огромни средства во ѕзведите како Роналдо и Виери, но италијанскиот стратег ги сакаше и најталентираните млади играчи во Европа. Во тој период немаше подобар млад напаѓач од Роби Кин, па во 2000 година за сума од 13 милиони евра пристигна од редовите на Ковентри. Но, во краток период поради лошите резултати Интер го смени тренерот, а со самата смена на тренерот се сменија околностите за Кин. По шест месеци беше позајмен на Лидс кои потоа го откупија за 12 милиони евра, а Ирецот подоцна стана еден од најдобрите напаѓачи во Премиер  – лигата играјќи за Лидс и Тотенхем.

15153106241262

Адријан Муту – Една година пред доаѓањето на Кин, Интер имаше друго „богатство“ во своите редови, романскиот голгетер Адријан Муту. Муту не мошеже да се истакне покрај големата конкуренција, сосема оправдано знаејќи дека истата конкуренција беа Роналдо и Виери, а пред него шанса добиваа Заморано и Рекоба.

1515310609552

Фабио Канаваро – Како да не беа доволно болни разделбите со Пирло и Сидорф, Интер одлучи да го „почасти“ другиот најголем ривал во Италија. На Јувентус го подарија еден од најдобрите италијански дефанзивци, Фабио Канаваро. Со реноме на врвен стопер, Канаваро пристигна од Парма за да биде столбот на одраната на Интер, но неколку повреди и примораното играње на позицијата бек резултираа со лоши резултати на фудбалерот, а со тоа следуваше нова трампа – Канаваро беше сменет со Фабијано Карини, трансфер од кој профитираше само Канаваро со неговите бројни титули со „старата дама“.

15153105774691

Леонардо Бонучи – Роберто Манчини беше човекот кој го „избрка“ Канаваро во 2004 година, а три години подоцна го направи истото со друг дефанзивец кој направи богата кариера. Сегашниот капитен на Милан претставуваше голем талент на италијанскиот фудбал, но како 18-годишен тинејџер речиси да немаше никакви шанси за настап покрај Самуел, Матераци, Киву. Минимална минутажа за првиот тим, значеше дека Бонучи ќе мора да оди на позајмица во второлигашот Тревизо, а потоа и сама продажба во истиот клуб за 500 ЕВРА! Бонучи се изгради во голем играч преку Тревизо, Пиза, Џенова и Бари, а со трансферот во Јуве започна неговото збогатување на трофејниот кабинет.

15153105621408

Се вчитува...