Најлошата судиска одлука на ЕП 2018 (видео)

Многу се говори и ќе се говори за прегледувањето на снимката од последните секунди од мечот Германија – Словенија, но мора да се истакне убедливо најголемиот судиски превид не само денеска, туку воопшто на шампионатот.

Се играше 45. минута кога при водство на Словенија од 19-16 Германците тргнаа во контранапад. Генсхајмер ја зеде топката пред Кавтичник, се обиде да реализира со атракција, но откако промаши на сцена стапија судиите од Литванија. Тие најпрвин досудија пенал (иако Генсхајмер направи три чекори без контакт пред да шутне), а потоа му покажаа и две минути на Кавтичник, иако на снимката се виде дека немало контакт.

Словенците збеснаа, па две минути беа покажани и на нивната клупа. Германија го искористи подарокот и експресно израмни на 19-19, а сето останато е историја… со ВАР завршница за печат на овој натпревар.

Се вчитува...