Најтежок испит во СЕХА: Вардар без Канељас на дуелот со Веспрем - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
24/09/2017 18:22
Фудбал
24/09/2017 17:34
Фудбал
24/09/2017 15:20
Фудбал
24/09/2017 15:23

Најтежок испит во СЕХА: Вардар без Канељас на дуелот со Веспрем

Најтежок испит во СЕХА: Вардар без Канељас на дуелот со Веспрем

Можеби завршија со настапите во Лигата на шампионите за оваа календарска година, но за ракометарите на Вардар дефинитивно нема одмор. Само два дена по пеколниот дуел со Кјелце во ЛШ избраниците на Раул Гонзалес денеска (18 часот) го играат и својот најтежок натпревар во рамките од СЕХА, гостувањето против актуелниот шампион Веспрем.

Вардар на мегдан со Веспрем ќе биде без левиот бек Хоан Канељас кој има повреда на стапалото по дуелот со Кијелце. На денешниот натпревар нема да настапи и Абутовиќ поради повреда на дланката.

Унгарскиот гигант досега има седум победи и само еден пораз (во Скопје од Вардар) во регионалното натпреварување, па јасно е дека избраниците на Сабате ќе сторат се за да им се реваншираат на „црвено-црните“ за неуспехот во СЦ „Јане Сандански“ на стартот од сезонава.

И двата тима имавме тешки мечеви изминатиот викенд. Мораме да му се одмаздиме на Вардар за поразот во Скопје и да продолжиме да прикажуваме добри игри на домашен терен. Работиме напорно за да напредуваме во играта и се надевам дека резултатите од таа работа ќе бидат видливи на дуелот со Вардар“ – изјави Петер Гулијаш.

Македонскиот шампион ја почна сезоната со реми на домашен терен против Брест Мешков, по што нанижа десет победи по ред. Сепак, „црвено-црните“ се свесни дека најголемиот предизвик во регуларниот дел од сезонава ги очекува токму денеска.

Очекувам добар и интересен натпревар. Ние сме на прво место и сакаме да го одбраниме. На секој меч одиме на победиме, без оглед на ривалот и одиме да дадеме се од себе. Добрата низа во СЕХА лигата сакаме да продолжи и против Веспрем” – изјави Игор Карачиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.