Наместо секси-девојки, Формула 1 во промоцијата вклучува деца

Формула 1 во новата сезона ќе ги замени грид-девојките со нова програма наречена грид-деца. Шефовите на Ф1 планираат да ги вклучат идните возачи и да ја направат церeмонијата пред трките порелевантна и поинтересна за гледачите, посебно за младата популација, слично како практиката што се применува во фудбалот.

Децата што ќе бидат вклучени во церемонијалниот дел на Ф1 трките ќе бидат натпреварувачи во картинг во помладите категории, избрани од организаторите. Со оваа новина се очекува Ф1 да придобие многу повеќе млади луѓе како приврзаници на овој спорт.

Се вчитува...